Најудобен електричен апарат за бричење во светот*

  • Ножеви V-Track PRO Precision

  • Глави за детектирање на контурите во 8 насоки

  • Мокро и суво

Уживајте во темелното бричење со нашиот најнапреден апарат за бричење. Ножевите V-Track PRO Precision сечат 30% потемелно* со помалку потези за ненадминлива темелност дури и на тридневна подникната брада. Главите ContourDetect ја следат секоја контура на вашето лице и вратот што ви дава темелно удобно бричење со што придонесуваат за одлична состојба на кожата. Со технологијата AquaTouch, серијата 9000 е 100% водоотпорна, така што можете да одберете да се бричите на мокро или на суво.

* Тестирано на еднодневна и тридневна брада, во споредба со други врвни електрични апарати за бричење.

Уникатно и темелно бричење

Систем на ножеви V-Track PRO Precision

Постигнете најдобро темелно бричење. Ножевите V-Track PRO Precision нежно ги поставуваат влакната во оптимална позиција за сечење и сечат 30%* потемелно со помалку потези со што се постигнува ненадминлива темелност дури и на еднодневна и тридневна брада.

Дофаќање на секое влакно со првиот потег

Глава ContourDetect за детектирање на контурите во 8 насоки

Ја следи секоја контура на вашето лице и вратот со главите ContourDetect за детектирање на контурите во 8 насоки. Серијата 9000 дофаќа 20%* повеќе влакна со секој потег. Со ова се постигнува екстремно темелно, удобно бричење што ви помага да постигнете најдобар изглед.

Мокро и суво

Технологија AquaTouch

Бричете се по желба. Со 100% водоотпорната заптивка AquaTouch Wet & Dry можете да избирате брзо, а сепак удобно суво бричење. Или можете да изберете мокро бричење со гел или пена, дури и под туш.

  • Како да се избричите мазно

    Сувото бричење е најбрзо, мокрото бричење е освежувачко и мазно. Пред да го користите апаратот за бричење, измијте го и исплакнете го лицето за темелно да го исчистите. Не туширајте се долго време со врела вода бидејќи вашата кожа ќе биде топла, подуена, влажна и несоодветна за бричење. За тридневна подникната брада и подолга прво треба да ги поткастрите долгите влакна со апарат за потстрижување.

  • Како да ја спречите иритацијата на кожата?

    Со обично ноже за бричење вие ја гребете кожата, така што секогаш отстранувате тенок слој од неа. Ова може да предизвика исеченици и надразнување што доведуваат до иритација на кожата. Со користење на електричниот апарат за бричење со кружни движења без голем притисок постигнувате полесно и безболно отстранување на влакната. По бричењето нанесете средство за навлажнување или балсам за после бричење – избегнувајте средства на алкохолна основа, бидејќи тие можат да предизвикаат иритација на кожата.

  • Идеално мокро бричење

    Најдобра подготовка за влажно бричење е бањање или туширање. Ова ги отвара порите и ги омекнува влакната што овозможува полесно и безбедно бричење. Нанесете пена за бричење, гел или сапун на областа што сакате да ја избричите. Користете електричен апарат за бричење Philips Aquatouch со кружни движења и со лесно притискање на главата за бричење. Во текот на бричењето често плакнете ја главата за бричење со ладна вода за да спречите затнување на отворите на ротирачките сечила.

  • Philips – бренд број еден во светот за електрични апарати за бричење*

    * Извор Market leader research Institute за малопродажен пазар 2014-2015 во категоријата за дотерување со електрични апарати

  • Еден од најславните и најценетите натпревари за дизајн во светот. iF DESIGN AWARD е познат како симбол за извонреден дизајн насекаде во светот со преку 5.000 поднесоци од 70 земји секоја година.

  • Philips Green Products може да ги намали трошоците, потрошувачката на енергија и емитувањето на CO2, нудејќи значајни подобрувања во заштитата на животната средина во една или во повеќе од зелените фокусни области на Philips — енергетска ефикасност, пакување, ризични супстанции, тежина, рециклирање и одложување и доживотна доверливост.

Споредба на нашите апарати за бричење

Перфектно бричење

Апарат за бричење серија 9000

од 15 599 ден.*

Купи од Нептун Купи од Сетек

Бричење за чувствителна кожа

Апарат за бричење серија 7000

од 9 999 ден.*

Купи од Нептун Купи од Сетек Купи од Техномаркет

Заштита во текот на бричењето

Апарат за бричење АquaTouch

од 6 599 ден.*

Купи од Нептун Купи од Сетек Купи од Техномаркет

Карактеристики

  • Уникатна технологија за следење на контурите на лицето
  • Персонализирани нагодувања за поголема удобност
  • AquaTec за работа на мокро и суво
  • LED приказ
  • Прстени SkinGlide специјално обложени со микроперли со цел намалување на триењето и заштита на кожата од иритација
  • AquaTec за работа на мокро и суво
  • LED показатели
  • Систем за заштита на кожата од гребаници и исеченици
  • AquaTec за работа на мокро и суво
  • LED показатели

Глава за бричење

  • 72 ротирачки ножа
  • Глава за бричење со движење во 8 насоки
  • 3 поставки на брзината
  • 72 ротирачки ножа
  • Глава за бричење со движење во 5 насоки
  • 1 поставка на брзината
  • 27 ротирачки ножа
  • Глава за бричење со движење во 5 насоки
  • 1 поставка на брзината

Батерија

  • Време на работа 50 минути по 1 час полнење
  • Брзо полнење – 5 минути за 1 бричење
  • Време на работа 50 минути по 1 час полнење
  • Брзо полнење – 5 минути за 1 бричење
  • Време на работа 50 минути по 1 час полнење
  • Брзо полнење – 5 минути за 1 бричење

Додатоци во пакувањето

  • Прецизен тример или тример за обликување на брада
  • Торбичка за патување
  • Моделот S9111 доага со SmartClean система шо го чисти, го подмачкува, го суши и го полни вашиот апарат за бричење
  • Прецизен тример SmartClick
  • Торбичка за патување
  • Прецизен тример SmartClick
Купи од Нептун Купи од Сетек Купи од Нептун Купи од Сетек Купи од Техномаркет Купи од Нептун Купи од Сетек Купи од Техномаркет

* Препорачана цена на мало. Секој трговец на мало си определува своја сопствена цена.