10 пати подобра заштита во споредба со обичните ножеви

  • Систем на ножеви MultiPrecision

  • Глави за бричење со движење во 5 насоки

  • AquaTouch мокро и суво

Заштитете ја вашата кожа од гребаници и исеченици со апаратот за бричење на Philips од серијата 5000. Ножевите MultiPrecision лизгаат преку вашето лице што ви овозможува мазно и темелно бричење, а во исто време го намалува бројот на гребаници и исеченици во споредба со обичните ножиња за бричење. Моќната батерија со брзо полнење овозможува време на бричење од 45 минути или, ако брзате, едно брзо полнење од 5 минути ќе ви овозможи едно целосно бричење.

Бричете се темелно и прецизно

Систем на ножеви MultiPrecision

Ножевите MultiPrecision се специјално дизајнирани за темелно бричење и за заштита на вашата кожа. Системот на двојни ножеви Super Lift & Cut користи два ножа за темелно бричење, а во исто време овозможува оптимална удобност на кожата. Првиот нож го поткрева секое влакно и го оддалечува од кожата, додека вториот нож го сече влакното на ниво на кожата со што гарантира темелно и мазно бричење.

Флексибилност што обезбедува темелно бричење

Глави DynamicFlex со движење во 5 насоки

Главите DynamicFlex со движење во 5 насоки ја следат секоја контура на вашето лице и на вратот и ви овозможуваат лесно и удобно бричење дури и на тешко достапните места.

Мокро и суво бричење

AquaTouch Wet & Dry

Бричете се по желба. Со 100% водоотпорната заптивка AquaTouch Wet & Dry можете да избирате брзо, а сепак удобно суво бричење. Или можете да изберете мокро бричење со гел или пена, дури и под туш.

  • Како да се избричите мазно

    Сувото бричење е најбрзо, мокрото бричење е освежувачко и мазно. Пред да го користите апаратот за бричење, измијте го и исплакнете го лицето за темелно да го исчистите. Не туширајте се долго време со врела вода бидејќи вашата кожа ќе биде топла, подуена, влажна и несоодветна за бричење. За тридневна подникната брада и подолга прво треба да ги поткастрите долгите влакна со апарат за потстрижување.

  • Како да ја спречите иритацијата на кожата?

    Со обично ноже за бричење вие ја гребете кожата, така што секогаш отстранувате тенок слој од неа. Ова може да предизвика исеченици и надразнување што доведуваат до иритација на кожата. Со користење на електричниот апарат за бричење со кружни движења без голем притисок постигнувате полесно и безболно отстранување на влакната. По бричењето нанесете средство за навлажнување или балсам за после бричење – избегнувајте средства на алкохолна основа, бидејќи тие можат да предизвикаат иритација на кожата.

  • Идеално мокро бричење

    Најдобра подготовка за влажно бричење е бањање или туширање. Ова ги отвара порите и ги омекнува влакната што овозможува полесно и безбедно бричење. Нанесете пена за бричење, гел или сапун на областа што сакате да ја избричите. Користете електричен апарат за бричење Philips Aquatouch со кружни движења и со лесно притискање на главата за бричење. Во текот на бричењето често плакнете ја главата за бричење со ладна вода за да спречите затнување на отворите на ротирачките сечила.

  • Philips – бренд број еден во светот за електрични апарати за бричење*

    * Извор Market leader research Institute за малопродажен пазар 2014-2015 во категоријата за дотерување со електрични апарати

  • Еден од најславните и најценетите натпревари за дизајн во светот. iF DESIGN AWARD е познат како симбол за извонреден дизајн насекаде во светот со преку 5.000 поднесоци од 70 земји секоја година.

  • Philips Green Products може да ги намали трошоците, потрошувачката на енергија и емитувањето на CO2, нудејќи значајни подобрувања во заштитата на животната средина во една или во повеќе од зелените фокусни области на Philips — енергетска ефикасност, пакување, ризични супстанции, тежина, рециклирање и одложување и доживотна доверливост.

Споредба на нашите апарати за бричење

Перфектно бричење

Апарат за бричење серија 9000

од 15 599 ден.*

Купи од Нептун Купи од Сетек

Бричење за чувствителна кожа

Апарат за бричење серија 7000

од 9 999 ден.*

Купи од Нептун Купи од Сетек Купи од Техномаркет

Заштита во текот на бричењето

Апарат за бричење АquaTouch

од 6 599 ден.*

Купи од Нептун Купи од Сетек Купи од Техномаркет

Карактеристики

  • Уникатна технологија за следење на контурите на лицето
  • Персонализирани нагодувања за поголема удобност
  • AquaTec за работа на мокро и суво
  • LED приказ
  • Прстени SkinGlide специјално обложени со микроперли со цел намалување на триењето и заштита на кожата од иритација
  • AquaTec за работа на мокро и суво
  • LED показатели
  • Систем за заштита на кожата од гребаници и исеченици
  • AquaTec за работа на мокро и суво
  • LED показатели

Глава за бричење

  • 72 ротирачки ножа
  • Глава за бричење со движење во 8 насоки
  • 3 поставки на брзината
  • 72 ротирачки ножа
  • Глава за бричење со движење во 5 насоки
  • 1 поставка на брзината
  • 27 ротирачки ножа
  • Глава за бричење со движење во 5 насоки
  • 1 поставка на брзината

Батерија

  • Време на работа 50 минути по 1 час полнење
  • Брзо полнење – 5 минути за 1 бричење
  • Време на работа 50 минути по 1 час полнење
  • Брзо полнење – 5 минути за 1 бричење
  • Време на работа 50 минути по 1 час полнење
  • Брзо полнење – 5 минути за 1 бричење

Додатоци во пакувањето

  • Прецизен тример или тример за обликување на брада
  • Торбичка за патување
  • Моделот S9111 доага со SmartClean система шо го чисти, го подмачкува, го суши и го полни вашиот апарат за бричење
  • Прецизен тример SmartClick
  • Торбичка за патување
  • Прецизен тример SmartClick
Купи од Нептун Купи од Сетек Купи од Нептун Купи од Сетек Купи од Техномаркет Купи од Нептун Купи од Сетек Купи од Техномаркет

* Препорачана цена на мало. Секој трговец на мало си определува своја сопствена цена.